Стоте милиони евра кредит од вторник достапни за компаниите

Bez autora
Jul 09 2012

Од вторник, со потпишувањето на договор помеѓу вицепремиерот Зоран Ставрески и Европската инвестициска банка, ќе стартува операционализацијата на 100 милиони евра евтини кредити наменети за компаниите на кои Владата ја субвенционира и каматата во висина од 5,5 проценти. Тој ги повика компаниите да аплицираат за нив и да овозможат дополнителен капитал за вршење на својата дејност. Тој информира дека со докапитализација на Македонската банка за поддршка на развојот, со 10,7 милиони евра се зголемува потенцијалот на банката за финансирање на развојни проекти во земјоделството, за обртни и основни средства, под поволни услови.

Стоте милиони евра кредит од вторник достапни за компаниитеОд вторник, со потпишувањето на договор помеѓу вицепремиерот Зоран Ставрески и Европската инвестициска банка, ќе стартува операционализацијата на 100 милиони евра евтини кредити наменети за компаниите на кои Владата ја субвенционира и каматата во висина од 5,5 проценти, потсети вчера портпаролот на Владата, Александар Ѓорѓиев.

Тој ги повика компаниите да аплицираат за нив и да овозможат дополнителен капитал за вршење на својата дејност. Тој информира дека со докапитализација на Македонската банка за поддршка на развојот, со 10,7 милиони евра се зголемува потенцијалот на банката за финансирање на развојни проекти во земјоделството, за обртни и основни средства, под поволни услови.

„Во однос на проектите за самовработување на 450 лица, досега преку првиот оглас се вработени 112 лица, а за вториот оглас се имаат пријавено 128 лица. За самовработувањето на 550 лица за оваа година во втроник, ќе биде распишан оглас кој ќе трае 20 дена“, информираше Ѓорѓиев.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik